сабота, 25 април 2026

„Луција“ – роман на новинарката Лилјана Грџо Дамовска

Романот „Луција“ на новинарката Лилјана Грџо Дамовска беше промовиран синоќа во рамки на Саемот на книгата што се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Авторката во изјава за МИА рече дека смета оти приказната ќе допре до читателите и ќе сакаат да ја дознаат судбината на Луција.

„Можеби може да ги лажеме другите дали сме среќни, но, не е добро да се лажеме себеси. Затоа што еден живот имаме и тој треба да си го живееме онака како што сакаме. Луција е жена која има добар брак, сè до оној момент кога може да си дозволи да си се праша, дали е среќна“, одговори таа на нашето прашање, што е пораката од оваа книга.

Луции, како што нагласи авторката, има во многумина од нас. Грџо Дамовска кажа дека размислува да напише и втора книга за Луција.

„Не знам дали ќе се случи тоа. Ако не го направам тоа за читателите, мора да го сторам тоа за себе. Да си ја завршам приказната“, додаде авторката.

Грџо Дамовска е дипломиран новинар, магистер по културолошки студии, колумнист, коментатор, која целиот работен и животен век е посветена на новинарството. Беше уредник во „Дневник“, главен уредник на магазинот „Теа модерна“, творец и главен уредник на „Леона магазин“, помошник на главниот уредник на весникот „Вечер“, уредник на додатоци и прилози. Нејзините колумни со наднаслов „Огледало“ беа критичко огледало на културни, социјални и општество-политички појави и настани, а се објавени во книгата „Светска женска“ (2015).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ