„Ќе нè проголтаа и ќе нè прегазеа ако не беше така“, додаде Вучиќ.
„Само погледнете ја нашата околина, а нема ни да зборувам за големите сили. Со инвестирање во војската, ние го заштитуваме нашето небо и нашата земја, и никој нема да се осмели да ја нападне Србија. Порано можевме да собориме два или три непријателски авиони, а денес никој не би можел да ја нападне Србија без стотици пати поголеми загуби“, рече Вучиќ како гостин на изборното собрание на Партијата на обединети пензионери, земјоделци и пролетери на Србија – Солидарност и правда (ПУПС).
„Ете, да знаете колку е посилна Србија денес и колку се различни времињата“, додаде тој, пренесува Н1.
Вучиќ им рече на претставниците на ПУПС дека верува оти заедно ќе излезат на избори и дека, „и покрај огромните предизвици, бројните притисоци однадвор и невидените притисоци одвнатре“, ќе успеат да победат и да продолжат со започнатите промени.
„Понекогаш бројно помалите партии имаат поголеми идеи и тоа не може веднаш да се препознае, но секогаш се трудевме да имаме коректен однос и да обезбедиме барем онолку колку што беше потребно за партнерот да биде задоволен од нашиот однос“, изјави Вучиќ.






