среда, 29 април 2026

Вучиќ за Милановиќ: Се изненади од силниот напредок на Србија, а јас станав негативец

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за ситуацијата на Косово, Вучиќ кажа дека ќе ја признае „косовската политика на свршен чин“ само под еден услов.

„Што направи Србија, за што треба ние да разговараме? Тие повторно ја поместија границата и одат со политика на свршен чин… Не го губете времето, не постои сила која ќе ме натера на тоа. Пред тоа мора да ја испорачате Заедницата на српски општини“, кажа Вучиќ.

Зборувајќи за претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, Вучиќ праша зошто тој ги зборува сите тие работи против него во петтата година од неговиот мандат.

„Затоа што изненади од силниот напредок на Србија, а потоа Вучиќ стана негативецот“, кажа српскиот претседател.

„Зошто денес имаме 122 текста во хрватскиот печат, загрижени се бидејќи ја нема повеќе нивната целосна доминација на Балканот, како што беше за време на некои други претседатели на Србија. Јас не сакам на нив да им враќам со навреди на навреди“, кажа Вучиќ.

„Србија повеќе не е вреќа за удирање, не можат да сметаат на сигурна мрежа на криминалот и јас сум задоволен поради тоа“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ