среда, 29 април 2026
Време

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 19 до 25 Целзиусови степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Попладне поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ветерот во некои делови од истокот повремено ќе достигнува над 60 km/h.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ