вторник, 28 април 2026

Неверојатен меч со девет гола, ПСЖ го победи Баерн (ВИДЕО)

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа неверојатен натпревар кој домаќините го добија со 5-4 и со предност од еден гол ќе патуваат на реваншот во Германија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен во 17. минута кога Кејн од пенал даде гол за водство на Баерн Минхен. Најстрогата казна беше досудена по фаул од Пачо врз Луис Дијаз.

Седум минути подоцна индивидуална мајсторија на Кварацхелија по која даде гол за израмнување на 1-1.

Во 33. минута, нискиот Жоао Невеш даде гол со глава. Португалецот одлично се проби на првата статива и постигна убав гол за комплетен пресврт и водство на ПСЖ од 2-1.

Осум минути подоцна ново израмнување, Олисе испука бомба во мрежата на ПСЖ за 2-2.

Во судиското продолжение од првиот дел пенал за ПСЖ поради игра со рака. Дембеле беше прецизен за водство на домаќините од 3-2.

Головите продолжија во второто полувреме. Најпрво во 56. минута по асистенција од Хакими, Кварацхелија даде гол за 4-2.

Само две минути подоцна и Дембеле запиша нов гол на натпреварот, ПСЖ поведе со 5-2. Се чинеше дека Баерн ќе доживее дебакл, но Германците не се предадоа.

Во 65. минута Упамекано ја допре топката со глава по центаршут на Кимих за 5-3.

Три минути подоцна убав гол даде Луис Дијаз за конечен резултат од 5-4.

Ова беше меч кој долго ќе се памети, патникот во финалето ќе се решава во Минхен за осум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ