Пробните верзии го прикажуваат ликот на Трамп опкружен со Декларацијата за независност и американското знаме, со потписот на американскиот претседател во златна боја. На втората страница е познатата слика од основачите на нацијата како ја потпишуваат Декларацијата за независност.
Издавањето пасошите, планирано за ова лето, е дел од пошироката прослава „Америка250“ организирана од администрацијата на Трамп, која вклучува трка на Голема награда на Националниот мол во август и борба на УФЦ на Јужниот тревник на Белата куќа во јуни.
„Додека Соединетите Американски Држави ја слават 250-годишнината од Америка овој јули, Стејт департментот се подготвува да издаде ограничена серија специјално дизајнирани американски пасоши за да го одбележи овој историски настан“, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот.
На задната корица на комеморативните американски пасоши ќе биде прикажано американско знаме со бројот „20“ во средината, помеѓу 13 ѕвезди земени од верзијата на знамето од 1777 година. Иако содржат прилагодени илустрации и подобрени слики, Пигот кажа дека новите пасоши „ќе ги задржат истите безбедносни карактеристики кои го прават американскиот пасош еден од најбезбедните документи во светот“.
Пасошите ќе бидат достапни во Агенцијата за пасоши во Вашингтон за „секој граѓанин на САД“ кој ќе аплицира за нов патен документ, во зависност од достапноста. Претставник на Стејт департментот потврди дека објавувањето се очекува во јули, што ќе се совпадне со прославата на 250-годишнината.
Службеникот изјави и дека новиот дизајн ќе биде достапен за секој граѓанин на САД кој ќе аплицира за пасош откако ќе започне издавањето, сè додека не се потрошат залихите.






