вторник, 28 април 2026

Си-ен-ен: Пакистанските посредници во преговорите на САД и Иран очекуваат ревидиран ирански предлог во следните денови

Пакистанските посредници во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран очекуваат да добијат ревидиран предлог од Иран за окончување на војната во наредните денови, откако американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека нема да ја прифати претходната верзија, изјавија за Си-ен-ен извори блиски до процесот на посредување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворите наведуваат дека иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денес се враќа во Техеран по посетата на Русија, додавајќи дека се очекува дека ќе се консултира со државниот врв.

Тој процес се движи бавно, велат изворите, поради тешката комуникација со врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, чија локација се чува во тајност.

Трамп сигнализираше дека нема да ја прифати верзијата на иранскиот предлог поднесена за време на викендот, која предвидува прво прекин на војната, а потоа решавање на посложени прашања поврзани со нуклеарната програма на Иран во подоцнежна фаза, според Си-ен-ен.

Изворите велат дека процесот е сè уште во тек и флуиден, и дека многу ќе зависи од тоа дали Иран ќе излезе со ревидиран предлог кој е поприфатлив за САД.

Во објава на социјалните мрежи Трамп кажа дека Иран ги информирал САД дека е во „состојба на колапс“, инсистирајќи дека Техеран сака Ормускиот теснец да биде отворен додека тие „се обидуваат да го средат своето раководство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ