вторник, 28 април 2026

Орбан нуди оставка на местото лидер на Фидес

Премиерот на Унгарија во заминување Виктор Орбан денес понуди оставка од функцијата лидер на неговата десничарска партија Фидес, но партискиот конгрес ќе одлучи во јуни дали ќе ја прифати, изјави пратеник на Фидес за локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Партијата од десниот центар Тиса, која ја предводи Петер Маѓар, го победи Орбан на изборите на 12 април, со што заврши неговото 16-годишно владеење и предизвика преиспитување и повици за промени во Фидес.

Фидес ќе гласа за новото партиско раководство на конгресот на 13 јуни, објави државната новинска агенција МТИ, цитирајќи ги зборовите на пратеникот Ерик Банки.

Ројтерс пишува дека Орбан не се обратил на медиумите по денешниот состанок на партијата, ниту се огласил на својата фејсбук страница.

По изборите, Орбан изјави за десничарскиот Јутјуб канал Патриот на 16 април дека како претседател на Фидес, тој ја презема „целосната одговорност“ за поразот на неговата партија и дека на унгарската десница ѝ е потребна „целосна обнова“.

Во саботата, во видео на Фејсбук, тој кажа дека нема да го преземе пратеничкиот мандат, туку дека ќе го „врати“ на Фидес.

„Сега не сум потребен во парламентот, туку во реорганизацијата на десницата“, кажа Орбан, кој е близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп и кој ја доби поддршката од лидерите на крајно десничарските партии во Европа пред изборите.

Тој во саботата кажа и дека раководството на Фидес сака тој да остане на чело на партијата и дека е „подготвен за таа задача“ ако добие поддршка на јунскиот конгрес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ