вторник, 28 април 2026

Бран насилство врз деца, тепани малолетници на улица, во автобус и пред другари

Серија нови регистрирани случаи на насилство врз деца и меѓу малолетници го наполни билтенот во последните 24 часа. Малолетниците биле и жртви и напаѓачи.

Објавено на

часот

Сподели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д. и А.Ц., двајцата од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело насилство врз дете.

Според пријавата, на 15 март на улицата „Абас Емин“, двајцата физички нападнале малолетник од Охрид, при што му упатиле и сериозни закани.

Вчера вечер во Скопје, Н.С.К. пријавила дека претходно попладнето, во Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на.

Истовремено, на подрачјето на Општина Карпош, полициски службеници привеле малолетник кој дента претпладне со тврди предмети нападнал полицаец додека тој извршувал службени дејствија.

„По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.

А, 47-годишна жена од Скопје, во полиција информирала дека нејзиниот малолетен син во неколку наврати, во автобус, бил вербално малтретиран од иста група од четворица малолетници. Според пријавата, нападите се случувале уште од средината на март и продолжиле и во текот на април месец.

Во уште еден случај, Н.Б. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, додека бил со другари во село Зелениково, бил физички нападнат од лицето А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ