Нашите млади ракометари одиграа доминантно во текот на целиот шампионат кој се одржуваше во Скопје, а така беше и во финалето.
Македонија беше во негатива само на почетокот од мечот, со 0-1. Неколку минути подоцна нашите ракометари ја презедоа иницијативата и поведоа со два разлика за потоа да ја задржат предноста до крајот. Во 16. минута беше 11-6, а на две минути пред крајот на првото полувреме имавме големми +7 (19-12).
Доминацијата продолжи и во вториот дел со тоа што Израелците ја вратија неизвесноста откако по десетина минути игра се доближија на само два гола негатива (24-26). Сепак, македонската селекција не дозволи пресврт, брзо се врати на +6 со колку што и заврши финалниот натпревар.
На патот до големиот успех, Македонија оствари шест победи, а покрај Израел во финалето, ги победи уште Бугарија, Грузија, Република Српска, Саудиска Арабија и Србија.
Претходно нашите девојчиња ја освоија бронзата откако загубија во финалето од Хрватска со 26-28. Ова е голем успех и за двете наши селекции.






















