Вардар во Франција отпатува без најдобрите Јака Малус и Дмитро Хориха, а нивното отсуство беше видливо, тимот на Чупиќ се мачеше во нападот.
Но, и покрај тоа во првиот дел вардарци одиграа солидно и на одморот заминаа само со два гола негатива, беше 12-10 за Монпелје.
Сепак, на почетокот од првиот дел се случи голема серија на домаќините кои поведоа со 19-11, а потоа ја зголемија предноста за уште два гола за конечни 33-23.
Митровиќ и Да Силва постигнаа по шест гола за Вардар, толку дадоа и Дилемино и Дос Сантос кај ПСЖ.
Во реваншот на Вардар ќе му треба вистинско чудо за да го мине силниот тим на Монпелје.






