На втората вонредна прес-конференција вечерва, Курти кажа дека разговарал и со Хатиџе Хоџа, која е кандидатка за претседател, и дека таа изразила подготвеност да ја повлече својата кандидатура доколку ДСК номинира свој кандидат.
Според Курти, во тој случај би имало конкуренција помеѓу кандидатката од граѓанското општество Ферида Рушита која тие ја предложија и кандидатката на ДСК.
„Разговарав со Хатија Хоџа. Таа се согласи да се повлече од кандидатурата ако ДСК обезбеди 15 потписи за својот кандидат, кој и да е тој. Самоопределување дава уште 15 потписи, ако тие ги немаат, нека донесат 14, 13 потписи и ние ќе собереме до потребните 30 потписи и на тој начин би имале еден кандидат од граѓанското општество и еден кандидат од ДСК и вечерва би можеле да го избереме претседателот на Косово“, кажа Курти.
Тој додаде дека немаат проблем со ниеден кандидат предложен од ДСК, ниту со неодамнешната претседателка Вјоса Османи, иако не го спомена директно нејзиното име.






