вторник, 28 април 2026

Стоп за Вардариште на „координација“ во Град Скопје по инцидентите во депонијата

Денеска, иницијативата Стоп за Вардариште одржала состанок во просториите на Град Скопје, каде со градоначалникот Ѓорѓиевски и неговиот тим разговарале за последните инциденти на старата депонија Вардариште, досегашните чекори и следните мерки што треба да се превземат.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Стоп за Вардариште се наведуваат неколку клучни информации и ветувања од состанокот.

„1.Одгасување – Извршени се подготовки и ископани се два бунара од кои се земени мостри, испратени на анализа во акредитираната лабораторија на Универзитет Гоце Делчев. Резултатите ќе бидат јавно објавени.
Почетокот на одгасувањето се очекува најдоцна до август (можно и порано). Според техничкото решение, ќе се изведат 22 бунари со прецизни координати за мерење на количината на гас – како почетна, истражувачка фаза.
Одлуката за втора фаза ќе зависи од резултатите; доколку има доволно гас, ќе се постави соодветна централа за негово искористување.
2. Згрижување на населението – Најавено е хумано преселување и згрижување на ранливото население во наредните недели.
3. Инспекциски надзор – Од утре – 24/7 присуство на дежурни инспектори кои ќе патролираат на терен.
4. Спречување ново депонирање – Посочивме дека повторно се носи отпад со камиони. Ветено е блокирање на приодите со ровови по први мај и засилен теренски надзор од страна на инспекторите. Во близина на ЈП ЛАЈКА ќе биде поставена заштитна ограда како дополнителна мерка за спречување на влез во Вардариште.
5. Видеонадзор – Ќе бидат поставени дополнителни камери.
6. Транспарентност – Ветена е редовна комуникација и информирање за сите чекори со цел да се обезбеди транспарентност на целиот процес.
7. Пријавување – Бројот за пријавување до дежурниот инспекторат (072 898 898), кој подолг период не беше во функција, по наша пријава повторно е ставен во употреба“, се наведува во соопштението на Стоп за Вардариште.
Освен тоа напоменавуваат од иницијативата дека се потребни континуирани превентивни мерки од институциите, a не само реакција по инцидент. Истакнато е и дека не се исклучува можноста за нови блокади доколку продолжат ваквите настани, имајќи го предвид револтот по последните палења.
„Остануваме будни и активни. Загадувањето од Вардариште не смее повторно да стане наше секојдневие“, порачуваат од иницијативата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ