среда, 29 април 2026

„Вознемирен сум што ме нарековте убиец“, му рекол Путин на Бајден, според нова книга

Објавено на

часот

Сподели

Ова се кажува во новата книга од зад кулисите за првите недели на администрацијата на Бајден на власт, напишан од новинарите на Вашингтон пост, Боб Вудвард и Роберт Коста, од кој американските медиуми во понеделникот објавија извадоци.

Во април, за време на првиот билатерален повик откако политичарот на Демократската партија ја презеде функцијата, Путин наводно му рекол на Бајден: „Вознемирен сум што ме нарековте убиец“. Само неколку недели пред тоа, Бајден во интервју за Еј-би-си беше запрашан дали го гледа рускиот лидер како „убиец“. „Мм-хм, да“, одговори Бајден.

Според Вудворд и Коста, американскиот претседател потоа се вадел дека неговите коментари „не беа нешто планирано“ и дека „Ми беше поставено прашање. Дадов одговор. Тоа беше интервју на сосема друга тема.“

Во тоа време, Путин ги исмеа коментарите, велејќи им на новинарите дека таквото расудување „е како да се гледате себеси во огледало“. Тој објасни дека „кога бев дете, кога се каравме со другите деца на игралиштето, велевме: ‘Кој си вика за себе си вика’“.

Кремљ подоцна рече дека нема да се дозволи коментарот да го попречи претстојниот самит меѓу двојката, одржан во Женева во јуни.

Покрај тоа, Вудворд и Коста тврдат дека најблиските соработници на Бајден се обиделе да избегнуваат „настани без однапред напишани говори или долги интервјуа“ за да се избегнат слични „гафови“. Планот, велат тие, довел до „изолирање на претседателот“ познато како „ѕидот“.

Меѓу другите откритија изнесени од двајцата новинари е и тоа дека Бајден открил дека неговиот претходник, Доналд Трамп, опремил соба во резиденцијата на Белата куќа за да може во паузи да игра виртуелен голф.

„’Каков шупак’, рече еднаш Бајден додека ги разгледуваше играчките на поранешниот претседател“, се додава во книгата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ