„Поконкретно се воведува забрана за риболов на клен во периодот од први до 31 мај, како и забрана за риболов на крап од 5 мај до 10 јуни. Од 15 мај до 30 јуни ќе има забрана за лов на црна мрена, а колку за потсетување во тек е забрана за риболов на скобал, која трае до 15 мај“, вели Бели Халити, претседател на Спортското риболовно друштво “Трофта”.
Посочува дека секое непочитување на забраната во овој период ќе биде санкционирано согласно закон.
„Апелирам строго да се почитуваат овие рокови, со цел заштита и зголемување на рибниот фонд во езерото и заедно да придонесеме за чиста животна средина и одржлив риболов“, порачува Халити.
РД “Трофта” (Пастрмка) е концесионер на езерото од февруари 2025 година во времетраење од 12 години.
Дебарско Езеро е познато по богатата флора и фауна, а дава и идеални услови и за водни спортови.






