На годишните маневри во организација на Киев и Вашингтон кои ќе траат до 1 октомври учествуваат околу 6.000 војници од 12 земји, соопшти американската амбасада во Киев.
Вежбата треба да ја јакне „компатибилноста на војниците и штабовите на украинските и американските оружени сили и партнерите од НАТО“, кажа украинскиот генерал Владислав Клотчков.
[video:https://youtu.be/bjpUsYZOSxo autoplay:0]„Украинските војници кои осум години се спротивставуваат на руската агресија ќе го споделат со своите меѓународни колеги своето единствено искуство стекнати за време на борбите на истокот на Украина против проруските бунтовници“, додаде украинскиот генерал.
Вежбата се одржува десетина дена по почетокот на руско-белоруските воени маневри во кои учествуваат 200.000 војници.
[video:https://youtu.be/fo1Yp-uxNWs autoplay:0]





