вторник, 28 април 2026

Трамп: Чарлс и јас сме братучеди. Отсекогаш сакав да живеам во Бакингемската палата!!!

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако британскиот таблоид Дејли меил објави сторија во која тврди дека, според нивното истражување на семејното стебло, тој е во далечно родство со британскиот крал Чарлс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е убаво. Отсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата!!! Ќе разговарам за ова со кралот и кралицата за неколку минути!!! Претседателот ДЏТ“, напиша Трамп на социјалната мрежа.

Дејли меил порано објави статија во која тврди дека преку генеалошка анализа утврдил дека Трамп и кралот Чарлс имаат заеднички предци и дека се во роднинска врска, односно се далечни роднини. Во статијата се наведува дека нивното семејно стебло води корени од шкотските благороднички линии, вклучувајќи ги и потомците на шкотскиот крал Џејмс I од 15 век.

Весникот наведува дека Трамп и Чарлс наводно се поврзани преку генерации шкотски аристократски семејства, а нивните семејни гранки се поврзани преку благороднички лози како што се Стјуарт и Ленокс. Според оваа реконструкција, ова е многу далечна врска што датира од пред неколку векови.

Во текстот се споменува и дека Трамп претходно покажал интерес за британското кралско семејство и дека за време на претходните средби со членовите на монархијата изразил симпатии кон кралската традиција.

Нема официјална потврда од Бакингемската палата за наводите на Дејли меил, а ваквите генеалошки тврдења честопати се засноваат на сложени, а понекогаш и нецелосно проверливи историски податоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ