вторник, 28 април 2026

Уапсен 89-годишник за пукањето во Атина: „Му го одбиле барањето за пензија“ (ВИДЕО)

Уапсен е 89-годишен маж осомничен за пукање и ранување на неколку лица во напади врз владини згради во Атина. По неколкучасовна потера низ целата земја, властите објавија дека осомничениот е приведен во пристанишниот град Патрас на западот од земјата, наводно додека се обидувал да избега во Италија, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападите се случија претходно денес. Вооружениот напаѓач прво влегол во канцеларијата за социјално осигурување и пукал од оружје што личело на стара пушка, ранувајќи вработен во ногата. Набрзо потоа, се случил напад врз Апелациониот суд. Еден маж влегол во судницата за време на рочиштето и отворил оган, лесно повредувајќи четворица судски службеници. Судската зграда веднаш била евакуирана, но напаѓачот успеал да избега од местото на настанот.

„Тој е приведен“, потврдил полициски извор. „Беше вооружен“. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека роднина на осомничениот контактирал со нив и кажал дека човекот имал историја на ментални заболувања и дека бил разбеснет од неодамнешното одбивање на неговото барање за државна пензија.

Нападите ја шокираа земјата ненавикната на оружено насилство. Судските власти остро ја критикуваа грчката влада за несоодветни безбедносни мерки, кои му дозволиле на напаѓачот непречено да влезе во судницата.

Во соопштението на Здружението на грчки судии и обвинители се наведува дека оружениот напад „на најлош можен начин го разоткри недостатокот на соодветни безбедносни мерки“ во јавна зграда на една од членките на Европската Унија, која е во секојдневна употреба.

Сотирис Триполициотис, генерален секретар на Здружението на атински судски службеници, ги истакна пропустите во безбедноста. Тој тврди дека рендгенските апарати, набавени пред седум години за подобрување на безбедноста, сè уште не се користат поради недостиг од обучен персонал.

„Никој што влегува во судовите не може навистина да биде проверен“, изјави тој за грчкиот весник Катимерини. Додаде дека од владата е побарано да ја зголеми безбедноста бидејќи случаите за спроведување и долгови се решаваат почесто во судовите, што може да предизвика „гнев и насилство“ кај луѓето.

Грција помина низ една од најтешките долгови кризи во Европа, а државната каса се нормализираше дури по речиси една деценија строги мерки за штедење. Посиромашните Грци, чии плати и пензии остануваат пониски отколку во остатокот од ЕУ, се борат да врзат крај со крај поради зголемените трошоци за живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ