вторник, 28 април 2026

Во Холандија ковид пропусницата е задолжителна за влегување во тоалетите на баровите

Објавено на

часот

Сподели

Холандските власти минатата недела укинаа некои ограничувања во борбата против коронавирусот, меѓу кои укинување на држењето физичка дистанца, но најавија ковид пропусници за баровите, рестораните и фестивалите.

„Ако сакате да го користите тоалетот, ќе мора да го покажете својот код“, наведе министерството и потсети дека кјуар кодот кој потврдува дека лицето е вакцинирано е задолжителен за граѓаните почнувајќи од 13 години.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте неодамна кажа дека не е добра идеја да се прави исклучок за муштериите кои седат на терасите на рестораните, бидејќи луѓето неизбежно ќе мора да влезат да платат сметка или да одат во тоалет.

„Владата сакаше ковид пропусницата да биде присутна секаде во хотелиерството“, изјави за Франс прес неименуван претставник на холандското министерство за здравство кој додаде дека тоа не треба да им пречи на луѓето кои сакаат повеќе слобода.

„Таа слобода не може да биде без некои ограничувања“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ