сабота, 25 април 2026

Вирусот премина на дивите животни: заразени 40% од белоопашестите елени на северот на САД

Објавено на

часот

Сподели

Само во државата Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на коронавирусот во крвта. Ова е прв доказ за распространетата изложеност на ковид-19 во дивината.

Иако ниту еден елен немаше лоша здравствена состојба, присуството на специфични антитела во нивната крв покажува дека тие неодамна оздравеле од вирусот. Научниците се загрижени дека популацијата на диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на ковид-19, која подоцна може да се врати кај луѓето, но со посериозни последици за нашето тело од досега.

Од почетокот на глобалната пандемија, експертите се загрижени за ширењето на коронавирусот од луѓето на други животински видови. На пример, минатата година избувна епидемија на ковид кај домашните животни, за што беше потребно преземање посебни чекори. Но за разлика од животните одгледувани од луѓе, инфекциите кај дивите животни не може така лесно да се контролираат.

Оваа ситуација ги загрижува научниците. Ако САРС-КоВ-2 навистина може да најде засолниште во дивината, може да биде многу тешко да се искорени. Ако вирусот се приспособи на друг вид суштества, а потоа повторно се шири кај луѓето, нашите вакцини во иднина би можеле да бидат далеку помалку ефикасни.

Во 2020 година експертите најдоа специфични протеини за ковид-19 кај само три елени. Но во првите три месеци од оваа година, скоро половина од 385 примероци крв земени од елени во Мичиген, Пенсилванија, Илиноис и Њујорк ги имаа истите неутрализирачки антитела.

Сѐ уште не е познато каде и како елените стапиле во контакт со вирусот. Тие може да се заразиле директно од луѓе или за време на контакт со добиток или друг див свет.

Студија наречена изложеност на САРС-КоВ-2 кај диви белоопашести елени (Odocoileus virginianus) е изведена на серверот bioRkiv.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ