Претставниците на сите делегации што доаѓаат на Генералното собрание на ОН минуваат покрај таблата што ги брои часовите на загубеното учење „Нема време за губење“.
Поставени се и празни училишни столчиња, а на платото пред влезот во зградата со големи букви беше напишано „Итно отворете ги училиштата“.
Во еден момент околу пладне, на екранот пишуваше „Ковид-19 ги чини децата 1.841,997,790,043 во училишни часови“.
Така, УНИЦЕФ ги повикува владите да ги отворат училиштата.
Централниот дел од инсталацијата е часовник, обликуван да личи на табла во празна училница, која се наоѓа на Плоштадот на посетители на ОН пред зградата на Генералното собрание.
Часовникот е бројач во реално време, кој го прикажува сѐ поголемиот кумулативен број часови за учење што секој ученик во светот ги изгубил и продолжува да ги губи од почетокот на пандемијата.
Празната училница се состои од 18 клупи, по една за секој месец поради нарушувањата на образованието предизвикани од пандемијата.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=VxPXSBDpiys autoplay:0]





