сабота, 25 април 2026

Талибанците парадираа со американски воени возила (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Талибанците во блиц поход ја заземаа земјата и главниот град Кабул на 15 август, владата поддржана од меѓународните сили се распадна, а американските и другите војници го забрзаа планираното конечно заминување од земјата.

Американски хамви џипови со бавно возење минаа по големиот пат кај Кандахар, вториот по големина град во Авганистан. На многу од нив беше закачено црно-белото талибанско знаме.

Милитантите седеа зад командите на камионите кои ги користеа американските, НАТО и авганистанските сили за време на 20-годишниот конфликт, додека други влегуваа во тие возила во периферијата на Кандахар.

Најмалку еден хеликоптер „блекхок“ бил виден како го надлетува градот, што наведува дека поранешен пилот на авганистанската војска го управувал.

Кандахар е колепка на талибанците. Тие во 1996 година тргнаа од главниот град на југот на Авганистан пред брзо да го освојат остатокот од земјата каде беа на власт до 2001, кога беа урнати од инвазијата на САД.

Во тој град живее Хабатулах Акундзада, лидерот на талибанците.

Уште вчера илјадници поддржувачи на талибанците излегле на улиците на Кандахар, со извици „Алаху акбар“ (Бог е голем) поздравувајќи го заминувањето на последните американски војници од Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ