петок, 24 април 2026

Македонските кадетки ќе играат против Бразил во четвртфиналето

Македонските селекции играат одлично и редат победи на Светското првенство во училишен ракомет.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската женска кадетска репрезентација во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет ќе игра против селекцијата на Бразил. Натпреварот се игра на 26.04.2026 во салата „Македонски херои“ во склоп на Средното Фискултурно Училиште во почеток во 10:30 часот.

Во четвртфиналето Македонија се пласира со максимални три победи, славеше против Бугарија, Грузија и Словачка.

Во групната фаза во женска конкуренција на Светското училишно првенство во ракомет се одиграа 48 натпревари. Максимален број на бодови (6) покрај Македонија, освоија Романија Хрватска и Турција.

Што се однесува до машката кадетска репрезентација на Македонија в недела (26.04.206) го игра последниот натпревар од групната фаза. Противник е селекција на Саудиска Арабија, мечот се игра со почеток во 12:30 часот во салата „Македонско Сонце“.

За потсетување, утрешниот дел е слободен, сите делегации се подготвуваат за „Вечер на Нации“, настан кој ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин”, со почеток во 19:00 часот. Целта на овој настан е промоција на културните вредности на делегациите – учесници на Светското училишно првенство во ракомет, преку претставување на нивната традиција, обичаи и културен идентитет.

Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан што се одржува во Македонија, а истиот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ