вторник, 28 април 2026

Талибанците ги поканија Русија, Кина, Иран, Турција и други на соопштувањето на кабинетот

Објавено на

часот

Сподели

Талибанците (забранети во Русија), кои ја презедоа власта во Авганистан, поканија голем број земји, вклучително и Русија, да учествуваат на настан посветен на објавувањето на составот на новата авганистанска влада, изјавил анонимен претставник на групата денеска за ТВ-каналот Ал џезира.

„Испративме покани до Турција, Кина, Русија, Иран, Пакистан и Катар да учествуваат на (церемонијата) на објавување на (составот на новата авганистанска) влада“, рече тој.

Соговорникот на ТВ-каналот, исто така, истакнал дека досега биле завршени потребните процедури за објавување на составот на новиот кабинет. Тој додал дека талибанците ќе создадат „режим што ќе биде прифатен од глобалната заедница и од авганистанскиот народ“.

Откако САД објавија крај на операцијата во Авганистан и почеток на повлекување на војниците, талибанците почнаа офанзива против авганистанските владини сили. На 15 август талибанските милитанти влегоа во Кабул без да наидат на отпор, воспоставувајќи целосна контрола над главниот град на земјата за неколку часа. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека се повлекол од функцијата за да спречи крвопролевање и потоа ја напушти земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ