понеделник, 27 април 2026

Покрената истражна постапка за обидот за убиство пред угостителски објект во Скопје

Јавното обвинителство во врска со случајот со физичката пресметка пред угостителски објект во четвртокот на 23 април во Скопје информира дека е покрената истражна постапка против осомничениот 25-годишник кој со нож нанел убодни рани на друго лице.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу двајцата првично имало кратка вербална расправија во угостителскиот објект која прераснала во физичка пресметка по што повредениот го нападнал осомничениот кој извадил нож и му задал убодни рани во градниот кош, грбот и стомакот.

„Осомничениот 25-годишник, на 23 април по полноќ, со умисла се обидел да лиши од живот друго лице пред угостителски објект. Кратка вербална расправија во угостителскиот објект прераснала во физичка пресметка меѓу нив. Оштетениот го нападнал осомничениот и во тој момент осомничениот извадил нож и му задал неколку убоди на оштетениот во градниот кош, грбот и стомакот, нанесувајќи му убодни рани. По укажана лекарска помош, оштетениот е пуштен на домашно лекување“, информира Јавното обвинителство.

Осомничниот се товари за кривично дело обид за убиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ