понеделник, 27 април 2026

Двојно финале на Македонија

Македонските кадети и кадетки утре (вторник) ќе настапат во финалните натпревари од Светското училишно ракометно првенство кое се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Двата меча се играат во СЦ „Јане Сандански“. Женската репрезентација игра од 14 часот против Хрватска, а од 16 часот момчињата ќе се борат за златото против Израел.

Влезот за двата натпревари е слободен, а нашите млади ракометни надежи заслужуваат поддршка.

Во денешните полуфинални натпревари кадетите ја победија Србија со 30-19, а кадетките беа подобри од Турција со 30-22.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ