понеделник, 27 април 2026

Страшна сцена: Таткото на Ферстапен на рели удри во дрво (ВИДЕО)

Таткото на актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, доживеа тешка несреќа на релито во Лојерс, откако со својота Шкода Фабиа излета од патеката и со левата страна директно удри во дрво, по што се преврте и претрпе тотална штета, за среќа Јос Ферстапен и неговиот совозач, Јаспер Вермеулен поминаа без посериозни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Причина за несреќата на ова рели била погрешната проценка на брзината поради што Холанѓанецот ја загубил контролата и удрил во дрво.

Пред оваа рели Јос Ферстапен го заменил совозачот, неговиот стандарден партнер Рено Жамул не можел да биде дел од оваа трка поради повреда, па на неговото место седнал Вермеулен кој првпат читал белешки на англиски јазик.

Тие дополнително добиле и и казна од 40 секунди поради пребрзо возење, што ги оттурнало на 17. позиција. Сепак, Ферстапен сениор покажал карактер и со агресивно возење се пробил до третото место, вклучувајќи се во битката за врвот. Токму таа офанзива заврши несреќно – со излетување и тежок удар што го прекина неговиот настап.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ