понеделник, 27 април 2026

Кривична пријава за обид за убиство

A.Ч. од Скопје е приведен откако минатиот четврток пред угостителски објект на улицата „50 Дивизија“ со нож му нанел убодни рани на друго лице. Министерството за внатрешни работи информира дека против него е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23 април пред угостителски објект на ул. „50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело „обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ