среда, 29 април 2026

Рекорден број Германци одбиваат војска, расте стравот од регрутација

Во Германија во 2025 година поднесени се 3.867 барања за статус на приговарач на совеста за воена служба, што е значително повеќе отколку во претходните години, објавија германските медиуми, повикувајќи се на податоци од федералната администрација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, во целата 2024 година имало 2.998 вакви барања, додека само во првиот квартал од 2026 година, поднесени се 2.656 барања. Доколку трендот продолжи, 2026 година би можела да биде годината со најголем број приговарачи на совеста од суспензијата на задолжителната воена служба во 2011 година, пишува Ноје Ознабрикер цајтунг.

Зголемувањето на барањата е поврзано со новиот закон за воена служба кој стапи на сила на почетокот на оваа година. Тој закон воведува задолжително тестирање на млади мажи родени во 2008 година и подоцна со цел да се поттикне доброволно регрутирање во Бундесверот. Парламентот може да активира регрутација доколку не се исполнат целите на регрутацијата.

Во исто време, во 2025 година Германија стана четвртиот најголем потрошувач на воена опрема во светот, зад Соединетите Американски Држави, Кина и Русија. Воените трошоци се зголемија за 24 проценти, на околу 97 милијарди евра, што е 2,3 проценти од БДП и за прв пат од 1990 година ја надминува целта на НАТО од два проценти.

Во контекст на разговорите за можно враќање на задолжителната воена служба, некои од оние кои претходно аплицираа за приговор на совеста сега размислуваат сепак да се приклучат на војската, пишува Дојче веле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ