понеделник, 27 април 2026

Селекторот Гавриловиќ повика 26 одбојкарки на првиот собир во Скопје

Новиот селектор на женскиот сениорски национален тим Милош Гавриловиќ го објави поширокиот список на одбојкарки кои треба да се појават на првата прозивка на 13 мај во хотелот „Континентал“ во Скопје на стартот на подготовките за учеството во Европската лига 2026.

Објавено на

часот

Сподели

На списокот се 26 одбојкарки, од кои дури девет дебитираат на листата на А селекцијата – сестрите Сара и Даниела Горбок, Кариа Трифуновска, Јована Каленикова, Матеа Сотировска, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ, како и Софија Тенчева и Сара Димитриоска.

Од поискусните репрезентативки отсуствуваат Тамара Стојанова, Антонија Баталаковска, како и Ана Павлоска кои од приватни причини или поради работни обврски не можеа да се стават на располагање на селекторот Гавриловиќ за оваа акција, но на нив ќе се смета и на следните собири.

Комплетните подготовки за Европската лига 2026 женската репрезентација ќе ги одработи во СЦ „Форца“ во Скопје, а во пресрет на првиот турнир ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Косово, на 29 и 30 мај.

Девојките настапот во Европската лига 2026 го започнуваат во Порто, каде се игра првиот турнир. На 6 јуни за противник ја имаат Унгарија, додека на 7 јуни играат со Португалија. Од таму продолжуваат за Шпанија, во Аликанте, каде домаќинот ги пречекува на 12 јуни, а ден подоцна се соочуваат со Азербејџан. Македонија настапот во годинешното издание го завршува на домашен терен кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 19 јуни ќе ги измери силите со Хрватска, додека на 21 јуни против Словенија ќе го комплетира учеството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ