среда, 29 април 2026

СЗО: Бројот на заразени со ковид-19 во светот опаѓа, за 7 дена има помалку од 60 илјади починати

Објавено на

часот

Сподели

Помеѓу 13 и 19 септември, има нешто повеќе од 3,6 милиони нови случаи на зараза и нешто помалку од 60.000 починати.

„Ова го зголеми кумулативниот број на потврдени случаи низ целиот светот на околу 228 милиони“, објави СЗО.

Голем пад на бројот на случаи се бележи во источен Медитеран и во Југоисточна Азија.

Најмногу новозаразени има во САД (1.107.644), Индија (211.242), Велика Британија (203.077) и Турција (183.962).

Бројот на смртни случаи во светот во споредба со претходната недела е помал за 7 проценти. Од почетокот на пандемијата, 4,6 милиони луѓе починаа од ковид-19, соопшти СЗО.

Најголем број на нови смртни случаи има во САД (12.896), Русија (5.469), Бразил (3.727) и Мексико (3.689).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ