среда, 29 април 2026

Силен земјотрес го погоди Мелбурн (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

Локалната радиостаница објави слика од урнатини на улица во Мелбурн, што ја припишува на земјотресот, а луѓето во северните делови на градот објавија на социјалните мрежи дека останале без електрична енергија.

На областа не ѝ се заканува цунами.

Итните служби добија голем број повици, а 35.000 домаќинства накратко останале без електрична енергија.

Хеликоптери летаат над погодената област за да ја проценат ситуацијата.

Потресите траеле околу 20 секунди, иако некои тврдат дека траеле подолго.

Австралија се наоѓа во центарот на тектонска плоча и поради оваа причина многу ретко бележи сериозни земјотреси.

Најлошиот земјотрес во земјата се случи во 1988 година. Јачината беше 6,6 степени според Рихтеровата скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ