среда, 29 април 2026

Сега децата на возраст од 12 до 15 години се главни пренесувачи на ковид

Објавено на

часот

Сподели

„Дефинитивно постои значителен пренос на вирусот во оваа возрасна група. Всушност, возрасната група за која зборуваме е онаа што во моментов има највисока стапка на пренос, колку што можеме да кажеме“, рече професорот Вити пред пратениците на состанокот за процената дали на децата на возраст од 12 до 15 години треба да им се понудат вакцини против коронавирусот.

На сите деца во таа возрасна група ќе им се понуди вакцина откако Вити и неговите колеги минатата недела рекоа дека вакцинацијата ќе биде корисна за децата во намалувањето на пречките во образованието, пренесува Ројтерс.

Вити посочи дека оваа препорака се фокусира исклучиво на доброто на децата од оваа возраст и дека не е дадена од политички причини.

„Практично секое невакцинирано дете најверојатно ќе се зарази во одреден момент“, предупреди тој.

Вити порача дека вакцинацијата може да го намали тој ризик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ