сабота, 25 април 2026

Притворена лекарка и активистка поврзана со Навални (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Таа беше приведена, сè уште не е јасно зошто. Можеби сакаат насила да ја изведат пред суд. Денеска има само судско рочиште за случајот прекршување на санитарни стандарди“, изјави адвокатот Дмитриј Џулај за државната новинска агенција ТАСС.

Како обвинета во таканаречениот „санитарен случај“ во кој неколкумина сојузници на Навални беа обвинети дека повикувале на масовни протести против неговото затворање во јануари, на Василиева ѝ беше забрането да излегува од домот помеѓу 22 часот и 7 часот.

Руската Федерална затворска служба побара Василиева да биде префрлена во истражен притвор, бидејќи неколку пати го прекршила полицискиот час на неколку минути, пренесе ТАСС.

На видеото објавено од Олег Степанов, колега на Навални, Василиева е снимена како се обидува да се ослободи од рацете на полицаецот додека се обидуваат да ја одведат.

Василиева, која е лична лекарка на Навални, покрај тоа што беше на чело на независниот синдикат на Лекарската алијанса, минатата година стана позната по тоа што го критикуваше одговорот на владата на коронавирусот и распределбата на помош за регионалните лекари кои немаат доволно средства.

Претходно оваа година, Лекарската алијанса беше означен како „странски агент“ од страна на руските власти, пренесува Москва тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ