петок, 5 јуни 2026

Поморски дрон експлодираше во романско пристаниште (ВИДЕО)

Поморски дрон експлодираше денес во романското црноморско пристаниште Констанца додека го испитувале експерти откако бил извлечен од морето, објавија романски медиуми.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според Антена 3 Си-ен-ен, областа била обезбедена од Романската разузнавачка служба, Крајбрежната стража и Министерството за одбрана. Експертите се обидувале да утврдат за каков вид уред станува збор и да го направат безбеден кога се случила експлозијата.

Засега нема извештаи за повредени.

Откако беше пронајден дронот, властите ја изолирале областа и ја евакуирале околната област од безбедносни причини.

Романските служби започнале истрага за да го утврдат потеклото на уредот и околностите под кои стигнал до романскиот брег.

Романските власти изјавија дека дронот личел на поморските дронови што се користат во војната во Украина.

Тие нагласија дека уредот не бил дел од опремата на романската војска и не бил поврзан со неодамнешните воени вежби организирани од Министерството за одбрана.

Според досега достапните информации, дронот бил пронајден на море и транспортиран во пристаништето Констанца, каде што експлодирал за време на инспекцијата.

Романските власти сè уште не објавија од каде дошло дронот ниту како завршил на романскиот брег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ