вторник, 28 април 2026

Откриено кој е напаѓачот во Русија: „Секогаш размислував за смртта“ (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот, според првите непотврдени информации, е 18-годишен студент, а на социјалните мрежи се објавени снимки од неговото пристигнување на универзитетот. Облечен е во црно со пушка во рацете додека се приближува кон зградата.

Истражителите објавија дека осум луѓе се убиени, а шест ранети, додека здравствените власти соопштија дека има повеќе од 10 жртви.

Напаѓачот е уапсен, некои медиуми јавуваат дека бил ранет во престрелката со полицијата. Информацијата подоцна ја потврди и истражната комисија, која соопшти и дека е почната кривична истрага.

Руските медиуми го идентификуваа напаѓачот како 18-годишниот Тимур Бекмансуров. Момчето пред нападот наводно оставило порака, кажувајќи дека „секогаш размислувал за смртта и колку луѓе може да убие и дека дејствувал исклучиво сам“.

„Ова што се случи не е терористички напад, барем не од правен аспект. Не сум бил припадник на екстремистичка организација, не сум религиозен и без аполитичен. Никој не знаеше што ќе направам и дејствував самостојно“, се наведува во непотврдената порака на Бекмансуров која ја објави порталот 59.ру.

Бекмансуров наводно порачал дека бил преполн со омраза и дека веќе некое време го планирал нападот.

„Од кога знам за себе секогаш размислував за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе направам сè за со себе да земам колку можам повеќе“.

Медиумите пишуваат дека по нападот во зградата на универзитетот се забарикадирал во една од училниците.

Во Русија на сила се строги закони за цивилно поседување оружје, но некои категории, како тие за лов, самоодбрана или спорт, може да се купат по тестирање и исполнети услови, пишува Ројтерс.

Бекмансуров во својата објава наводно детално опишал како го набавил оружјето за кое, како што кажал, долго штедел, пренесуваат руските медиуми. Се појавија фотографиите кои ги објавил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ