Орбан кажа дека постои одреден отпор вакцинацијата да биде задолжителна и дека најдоброто што може да се направи е вакцинацијата да биде задолжителна за здравствените работници, а приватниците да се охрабруваат од своите вработени да бараат да се имунизираат.
Истакна дека Унгарците не сакаат владата да им се меша во личните прашања, и дека „владата го сфатила тоа“.
На 4-от Демографски самит кој се одржа вчера во Будимпешта, Орбан кажа дека прашањата на индустријата, зеленилото и дигитализацијата се важни, но дека иднината лежи во децата.
„Ако сакаме да ја гледаме нашата земја како дел од Европа, мораме да имаме семејства и деца. Западот во моментов не е самоодржлив“, кажа Орбан.
Кога станува збор за прашањата на ЛГБТ заедницата, Орбан кажа дека ги разбира.
„И ним им е потребно место под сонцето. Меѓутоа, не може закон да се носи врз основа на исклучоци. Не го прифаќаме тоа што тие сакаат да ги воспитуваат нашите деца. Ние ќе ги воспитуваме“, кажа унгарскиот премиер.






