сабота, 25 април 2026

Научници од ЕУ: Минатиот месец бил третиот најтопол јули до сега

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, минатиот месец го одбележале невообичаено високи температури во бројни региони – од Финска до САД, пренесува Ројтерс.

Ова е и најновиот пресврт во долгорочниот тренд на загревање на планетата, во рамки на кој последните седум години се оценети како најтопли досега, бидејќи емисиите на штетни гасови ја менуваат климата на планетата.

„Кога ги набљудуваме температурите во светот, забележуваме промени од година во година, па дури и од месец во месец“, кажа Фреја Вамборг, виша научничка од службата на ЕУ за следење на климатските промени Коперникус.

„Но на крајот на краиштата, основното нешто кое го забележуваме е трендот на глобалното загревање“, додаде таа.

Минатиот месец бил третиот најтопол јули во историјата во светот, по јули 2019 и јули 2016, и втор најтопол јули во Европа по 2010 година, соопшти Коперникус.

Податоците на Коперникус се од 1950 година навака, но се вкрстуваат со други податоци кои датираат од средината на 19 век.

Повеќе региони минатиот месец биле погодени од екстремни временски прилики, што е во согласност со ставот на научниците дека глобалното загревање ги прави топлотните бранови сè пожестоки и дека потоплата планета ќе доведе до посериозни врнежи.

Рекордната жештина во САД и Канада, која почна во јуни, уби стотици луѓе и разгоре пожари. Во Кина, Белгија и Германија екстремните врнежи предизвикаа смртоносни поплави.

Во тропскиот север на Австралија беа забележани највисоките дневни температури минатиот месец, додека температурите во северна Африка без повисоки од нормалните, соопшти Коперникус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ