„Вие не можете да поминете преку тоа кои улоги некои луѓе ги имале на нашите простори во последните триесет години. Тука се лееше крв, се палеше, се убиваше, а некои луѓе го поттикнуваа тоа“, кажа Милановиќ. Додаде дека Хрватска „џентлменски минала преку тоа“, но дека нема да ја забива главата во песок како што прават многумина во Србија.
„Мислам дека Вучиќ е горд на тоа што го правел. Тоа е нешто што треба да се констатира повремено, особено кога некој испраќа на дневна основа некакви свои политички холограми, портпароли и хушкачи да зборуваат сè што ќе им падне на памет во негово име. Тоа е валкано и методолошки евтино“, кажа Милановиќ.
Вучиќ, пак, изјави дека Милановиќ зборува такви работи за него, „плитки и ниски навреди“, бидејќи Хрватска е љубоморна на економскиот успех на Србија. Оцени дека на Милановиќ му смета тоа што Србија годинава ќе ја помине Хрватска според вкупниот износ на БДП, „и тоа со 300 до 600 милиони евра разлика“.
„Вкупен БДП Србија има поголем и од Луксембург. Но БДП-та по глава на жител на Хрватска и Србија не се ни блиску. Србија тука е многу поблиска до Албанија“, кажа тој.
„Србија што се однесува до општото ниво на развиеност не е на ниво на Хрватска. Во Хрватска по сите параметри се живее подобро и побогато, а ние со своето ниво сме незадоволни“, додаде.






