среда, 29 април 2026

Мас: Однесувањето на Вашингтон е „иритирачко и разочарувачко“

Објавено на

часот

Сподели

„Можам да го разберам гневот на нашите француски пријатели. Она што беше одлучено и начинот на кој е одлучено е иритирачки и разочарувачки, не само за Франција“, рече Мас за новинарите во Њујорк.

Тој рече дека таквото однесување ги прави работите многу посложени и дека верува дека засега ќе остане така.

На 15 септември американскиот претседател Џо Бајден објави нов стратегиски сојуз со Австралија и Велика Британија, со што беше раскинат големиот договор за австралиската набавка на подморници од Франција, што предизвика огорченост кај Париз, кој воопшто не бил однапред известен за овие планови.

Франција и натаму е гневна и го обвини новиот водач на Белата куќа, кој вети дека Америка ќе им се врати на своите сојузници, дека користи методи слични на тие на неговиот претходник од Републиканската партија, Доналд Трамп.

Маас рече дека никогаш немал илузии дека нема да има повеќе проблеми со новиот американски претседател, пренесува АФП.

„Треба во Европа да размислуваме како да го зајакнеме новиот европски суверенитет. Наше е тоа да го направиме или да не го направиме“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ