Елисејската палата во вторникот објави дека приватниот документ е објавен на интернет, што е последица на незаконско однесување.
Претседателската палата сѐ уште нема објавено дали шефот на државата ќе добие нов баркод.
Француските здравствени власти имаат пристап до централизиран систем на сертификати за вакцинација против ковид-19.
Некој од вработените го пуштил во оптек сертификатот на Макрон, иако е нејасно што сакал да постигне со тоа, според Елисејската палата.
Тие кодови се наоѓаат на француските ковид-сертификати што се потребни за влез во музеи, театри, кина, кафулиња и ресторани, како и за патување со авион или воз на подолги растојанија.






