Тој ги повика Србите и да се повлечат од патиштата и да овозможат слободно движење, пренесува порталот Репортери.
Курти на седница на владата повторно оцени дека одлуката за реципроцитет на регистарските таблички е фер и неопходна за Приштина. Тој, исто така, кажа дека преземените мерки важат за сите, без дискриминација и привилегии за кого било. Курти го обвини претседателот на Србија Александар Вучиќ дека е единствениот кој има корист од инциденти.
Косовскиот премиер кажа дека Приштина е за дијалог и предложи и Белград и Приштина да ги укинат привремените таблички и така да им дозволат на граѓаните послободно да се движат.
„Одлуката за регистарските таблички е фер и го гарантира правото на слободно движење, вклучувајќи и на граѓаните на Србија. Пречки се создаваат со некои камиони на општините, што е злоупотреба на јавниот имот. Ги повикувам организираната група српски граѓани, бидејќи се блокираат и себеси и движењето. Ни граѓаните ни нашата држава не ги интересираат ни инциденти ни ескалации, не ги интересираат ни косовските Срби ни Србија. Изгледа дека само еден поединец, претседателот на Србија е заинтересиран за тоа. Ние сме за дијалог“, кажа тој, а пренесува Коха диторе.
Властите во Приштина од понеделникот на административните премини српските регистарски таблички ги менуваат со привремени, на кои се плаќа такса од пет евра. Приштина на премините Јариње и Брњак испрати и специјални единици на полицијата РОСУ.
Тоа предизвика загриженост и гнев кај Србите и тие ги блокираа патиштата кои водат кон административните премини.






