Градот од 9,5 милиони жители на североистокот на Кина денес пријави три нови случаи на зараза, еден ден откако беше пријавен првиот случај на инфекција во заедницата.
По првиот пријавен случај властите почнаа масовно тестирање и ги затворија училиштата.
Градските власти наредија затворање на поголемите места за собирање како кино-салите, кафулињата, салите за вежбање и махџонг салоните.
Властите бараат од граѓаните негативен тест на вирусот за да патуваат но дозволени се само неопходни патувања, инаку на луѓето им е кажано да останат дома.
Кина успеа да спречи големо ширење на вирусот во своите граници, применувајќи скапа и строга стратегија која вклучува карантин и масовно тестирање.






