среда, 29 април 2026

Изрешетан автомобилот на главниот советник на претседателот на Украина. Возачот погоден со три куршуми

Објавено на

часот

Сподели

Автомобилот во кој се возел Шефир бил изрешетан во селото Лисники недалеку од Киев. Возачот на Шефир бил погоден со три куршуми и завршил на интензивна нега, а самиот Шефир не бил повреден.

„Денес, околу 10:00 часот, во близина на селото Лисники, беше пукано на автомобилот на главниот помошник на претседателот, Серхиј Шефир“, објави полицијата на својата веб-страница.

Според украинските медиуми, најмалку 10 куршуми биле испукани кон автомобилот, пренесе Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ