среда, 29 април 2026

Израелските наставници без ковид-потврда не смеат да одат на работа и ќе останат без плата

Објавено на

часот

Сподели

Таканаречената зелена пропусница може да ја добијат лица кои биле вакцинирани или оздравеле од ковид-19.

Наставниците без зелена пропусница или без негативен тест, исто така, нема да можат да одржуваат настава преку интернет и нема да примаат плата, потврди во четвртокот портпаролката на министерството за образование.

Според медиумските извештаи, од 3 октомври ковид-потврдите ќе важат само шест месеци по добивањето на втората доза. После тоа, неопходно е да добие трета, т.н бустер доза.

Министерството за здравство во четвртокот потврди 5,921 нов случај на инфекција. Досега, 60 проценти од 9,4 милиони жители во Израел се вакцинирани со две дози, а нешто помалку од 34 проценти ја примиле и третата доза.

Експертите во последните денови тврдеа дека здравствениот систем е преоптоварен со невакцинирани пациенти.

Кон крајот на јули, Израел стана првата земја што воведе употреба на трета доза.

Ваквата одлука министерството за здравство ја оправдува со податоците според кои ефективноста на вакцината од јуни нагло опаднала.

Вакцинација со третата доза се спроведува во Израел најмалку пет месеци по примањето на втората доза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ