среда, 29 април 2026

Избори за Думата: за Единствена Русија 324 места

Објавено на

часот

Сподели

Според тие податоци, и врз основа на 100 проценти од изброените гласови, Единствена Русија добила 49,82 проценти од гласовите, што е 126 места, а индивидуалните кандидати на партијата освоиле 198 места, така што таа партија може да смета на 324 места во Државната дума, пренесе ТАСС.

Кандидатите на Комунистичката партија на Русија освоија 18,93 проценти од гласовите, односно 48 места, а освоија и девет места поединечно, така што нивната партија ќе има 57 претставници во Думата.

Партијата Праведна Русија освои 7,46 проценти (19 места) и уште осум поединечно, така што ќе има 27 места.

Либерално-демократската партија на Русија има 21 место, Нови луѓе 13, а трите партии – Граѓанската партија, Родина и Партијата за раст – ќе имаат по еден пратеник.

Пет места добија непартиските кандидати.

Составот на Долниот дом на рускиот парламент се избира по мешан принцип – 225 пратеници се избираат од партиските листи, а уште 225 од едномандатните изборни единици во еден круг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ