Приштинските власти воведоа мерка за регистарските таблички, односно да се отстрануваат српските ознаки а да се ставаат привремени косовски. Тоа ги засили тензиите на северот и предизвика загриженост кај локалните жители.
Српските медиуми јавуваат дека припадниците на РОСУ се опремени со блиндирани возила, долги цевки, шок бомби, а ситуацијата е мирна но напната.
Поради случувањата на Косово вчера беше одржана седница на српскиот совет за национална безбедност, а на јавноста ѝ се обрати српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој кажа дека добил предлог за решавање на ситуацијата на премините Јариње и Брњак, но дека го одбил предлогот, за што добил согласност од советот за национална безбедност.
Косовската полиција соопшти дека за 24 часа издала 1.455 пробни регистарски таблички. Репортер на РТС јавува дека во општините на северот на Косово и понатаму се возат автомобили со српски регистрации, а според непотврдени информации тие возилата ги проверува косовската полиција во цивил, пренесува РТС.
Si shkoi nata në Jarinjë? https://t.co/Q8ootWyUw6
— lajmi.net (@lajminet) September 22, 2021
Косовските медиуми јавуваат дека главните патишта кон Јариње и Брњак се блокирани со тешка машинерија која ја поставиле незадоволни граѓани Срби поради потегот на Приштина.
Situata në kufi/ Vazhdon bllokada në Jarinjë dhe Bërnjak https://t.co/IcADRSAHfu
— Observeri.com (@Observericom) September 22, 2021
Бројот на демонстранти кои се противат на одлуката на косовската власт за воведување мерки за реципроцитет за регистарските таблички утринава е зголемен во однос на минатата ноќ. Освен припадниците на РОСУ, ситуацијата на северот на Косово ја следи и КФОР, кој патролира со хеликоптер.
Evo, stiže još jedna smena na Jarinje.Nije pojačanje, nije upad, nije prepad, samo smena. pic.twitter.com/Z6bEbir34D
— Emir Hrapović (@EHrapovic) September 21, 2021






