среда, 29 април 2026

Гутереш: Светот е на работ на бездна, мора да се разбудиме

Објавено на

часот

Сподели

„Тука сум за да алармирам. Светот мора да се разбуди. Ние сме на работ на бездна“, рече Гутереш.

Тој посочи дека денешниот мултилатерален систем е премногу ограничен во своите инструменти и капацитети.

„Мораме да обезбедиме дека Обединетите нации ќе се приспособат на новата ера“, рече лидерот на ОН.

Тој додаде дека најновите кризи во светот јасно ги откриле сите недостатоци и слабости.

„Ковид-19 и климатската криза ја покажаа кревкоста во општествата, но наместо понизност пред овие историски предизвици, гледаме ароганција“, рече Гутереш, предупредувајќи дека меѓународната заедница се соочува со „најголемиот број кризи во нашите животи“.

„Нашиот свет никогаш не бил позагрозен или поподелен. Пандемијата на ковид-19 покажа огромни нееднаквости. Климатската криза ја разорува планетата. Пресвртот од Авганистан преку Етиопија до Јемен и пошироко го загрозува мирот. Бранот недоверба и дезинформации ги поларизираат луѓето и ги парализираат општествата. Човековите права се изложени на напади, како и науката“, рече тој.

Гутереш предупреди на огромните нееднаквости во пристапот до вакцините во развиените земји, додека многумина во земјите во развој очајно сакаат имунизација.

„Ова е морално обвинение против состојбата на нашиот свет. Го положивме испитот по наука, но добиваме единица по етика“, рече тој.

Тој понатаму предупреди дека според сегашните национални климатски обврски, емисиите ќе се зголемат за 60 проценти до 2030 година, што ќе донесе „пеколен пораст на температурата за најмалку 2,7 степени над прединдустриските нивоа“, бидејќи земјите остануваат „светлосни години подалеку од постигнувањето нашите цели“.

„Наместо патот на солидарноста, ние сме во ќорсокакот на уништувањето“, рече Гутереш.

Тој, исто така, предупреди на опасностите што произлегуваат од постојаното ривалство меѓу големите сили Кина и Соединетите Држави, велејќи дека се плаши дека светот се движи кон „две различни групи економски, трговски, финансиски и технолошки правила, два различни пристапи во развојот на вештачката интелигенција и, на крај, постои ризик од две различни воени и геополитички стратегии“.

„Тоа е рецепт за неволји. Тоа е многу помалку предвидливо од студената војна“, рече Гутереш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ