среда, 29 април 2026

Гутереш: Мора да избегнеме нова студена војна, би била поопасна од претходната (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Односот меѓу Кина и САД денес е целосно дисфункционален. Имаме различни перспективи за различни области и нормално дека доаѓа до некои несогласувања. Се работи за прашања за човековите права, геостратешки проблеми, како прашањето за Јужното Кинеско Море“, рече Гутереш.

„Постојат области каде што постојат заеднички интереси и потребна е силна соработка, како што е случајот со климатските промени. Додека постојат и области каде што треба да се водат сериозни преговори – трговија и технологија“, додаде тој.

„Мораме по секоја цена да избегнеме студена војна, која би била различна од претходната и веројатно поопасна и потешка за управување“, рече генералниот секретар на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ