среда, 29 април 2026

Ѓукановиќ во Њујорк: Обновена е опасноста од дестабилизација на Западниот Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Тој предупреди од наводната обновена опасност од дестабилизација на Западниот Балкан и како што кажа, стеснување на хоризонтот на неговата европска перспектива, пренесува РТЦГ.

Ѓукановиќ денес на дебата на 76-тото заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк наведе дека Црна Гора истрпела и градела подобра иднина за сите граѓани врз основа на еднаквоста и без дискриминација.

„Градеше и продолжува да гради односи на доверба и соработка со своите соседи. Беше, како што тоа највисоките функционери на нашите домаќини го кажуваа, оаза на мирот на Балканот во воените 90-ти. Како соучесник во регионалната безбедност стана членка на НАТО и лидер е во процесот на европските интеграции“, истакна премиерот на Црна Гора.

Црна Гора, потсети Ѓукановиќ, годинава одбележа 15 години од обновата на независноста и времето кога црногорското знаме за прв пат се вееше на Ист Ривер.

„Го минавме тешкиот пат од чинот на приемот кој беше најширока потврда на признавањето на обновената државност, позиционирање на Црна Гора на главните правци на дејствување на ОН и клучните надворешнополитички партнери, до денешната видливост, препознатливост и афирмираност кои далеку ја надминуваат големината на земјата“, кажа Ѓукановиќ.

Тој додаде дека тој пат никогаш не бил едноставен, „особено не на Балканот, кој е обременет со минатото“.

„Ни денес не престанува да биде место на судирање на спротивставените интереси, геостратегиските натпреварувања, вечен предмет на грижа на различни меѓународни актери, но не секогаш на потребно и навремено внимание“, кажа црногорскиот претседател.

„Затоа и денес од ова место Црна Гора предупредува на обновената опасност на дестабилизација на Западниот Балкан и стеснувањето на хоризонтот на неговата европска перспектива“, истакна Ѓукановиќ, укажувајќи дека за огромните проблеми и кризите, кои само се множат, потребно е силно лидерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ